Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за следното издание во Лигата на нации. Нашиот национален тим е во групата 4 со Ерменија, Фарски Острови и со Летонија.
Селекторот Благоја Милевски вели дека овојпат Македонија ги избегна најсилните селекции кои беа во Дивизија Ц.
„Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај. Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави. Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани. Да имаме прав пристап против секој противник.
Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 0-5, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4-0. Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања. Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата”, изјави селекторот Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













