
Интер потврди дека играчот од средниот ред Давиде Фратези има повреда на бутниот мускул на десната нога која најверојатно ќе го исклучи од претстојното дерби против Рома на 10 февруари.
24-годишниот Италијанец беше оставен на клупата при победата (1-0) на „Дерби д’Италија“ над Јувентус во неделата, а по натпреварот тренерот Симоне Инзаџо објасни дека не сакал да ризикува бидејќи играчот почувствувал болка за време на тренингот во деновите пред натпреварот.
Фратези оваа сезона за Интер настапи на вкупно 27 натпревари и забележа четири гола и четири асистенции.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
