
Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала, постигна два гола во победата од 4-0 над Калјари, но му ја препиша целата заслуга за победата на новиот тренер Даниеле де Роси. Клупската легенда сега има три победи во три натпревари на кормилото на „волчицата“.
Според Аргентинецот, Де Роси донел многу позитивен дух кај играчите и тоа веднаш се исплатело и за атмосферата во клупската база и на теренот на официјалните натпревари.
„Де Роси донесе многу ентузијазам. Тој не натера да разбереме многу работи и можевме да извлечеме и нешто одвнатре што мислам дека го имавме, но не го покажувавме“, истакна Дибала по мечот со Калјари.
Рома по трите победи во низа се наоѓа на петтата позиција во Серија А со 38 бода, еден помалку од Аталанта која е на место кое води во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
