
Раководството на Барселона е подготвено да потпише договор со играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио, на лето кога тој ќе стане слободен играч, пренесуваат шпанските медиуми.
28-годишниот Французин има уште шест месеци од договорот со гигантот од Торино и допрва треба да започне преговори за нов договор. Минатата година тој парафираше едногодишно продолжување само неколку дена пред да му истече договорот во јуни.
Барселона се уште е во исклучително деликатна финансиска позиција и не може да си дозволи да троши премногу, што го прави пазарот на слободни играчи многу поважен за Каталонците.
Извршниот директор на Интер, Бепе Марота, исто така е заинтересиран за 28-годишниот фудбалер, кој повеќе би сакал да се пресели во друга земја, наместо да се приклучи на друг италијански клуб доколку ја напушти „старата дама“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
