
Претседателот на Европската фудбалска организација (УЕФА), Александар Чеферин, истакна дека безбедноста е „најголемата грижа“ за време на Европското првенство во Германија ова лето.
„Светот полуде. Во овие луди времиња, нашата најголема грижа е безбедноста“, изјави тој во интервју за британскиот весник „Телеграф“.
Еден од најголемите спортски настани ќе се одржи во позадина на сериозни конфликти во кои се вклучени членките на УЕФА – од една страна руската војна во Украина, од друга страна – конфликтот меѓу Израел и Палестина.
Чеферин откри дека двапати се сретнал со германската министерка за внатрешни работи Ненси Фасер, која е одговорна и за спортот, и додаде дека ќе имаат уште една средба на позадината на „агресивната ситуација“ од геополитичка смисла.
„Мојот страв не е само за стадионите. Затоа што сум сигурен дека тие ќе бидат строго обезбедувани. Сепак, навивачите ќе бидат во и околу градовите“, изјави тој.
Чеферин признава дека квалификациите на Украина и Израел за плеј-офот во март може дополнително да ја искомпликува безбедноста во Германија, ставајќи ги домаќините под голем притисок.
„Да бидеме оптимисти. Продолжувам да верувам дека сѐ ќе биде во ред, а германските власти се целосно решени да ни помогнат“, додаде Словенецот.
Европското фудбалско првенство започнува на 14 јуни во Минхен, а финалето е закажано за 14 јули во Берлин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal