
Барселона планира да го засили својот тим во летниот преоден рок главно со играчи на Џирона, пишуваат медиумите во Шпанија.
Според информациите, желби на славниот каталонски клуб се Алеиш Гарсија, Савио Мореира, Јанчел Ерера, Виктор Циганков и Артјом Довбик.
По 21 коло од Ла Лига, тимот на Џирона води на табелата на шпанската лига со 52 бода, еден повеќе од Реал. Куриозитет е што Барселона го сака и тренерот на Џирона, Мичел.
Тој веќе е во преговори и голема е веројатноста да го наследи Чави Хернандез по завршување на сезоната.
Доколку тоа се случи и Барселона успее да ги обезбеди своите цели, тоа би било огромен удар за симпатичниот каталонски клуб, кој е дел од групацијата на Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal