
Раководството на Вест Хем е во напредни преговори за ангажирање на Калвин Филипс од Манчестер Сити. Двата клуба се блиску до договор со кој играчот од средниот ред ќе биде позајмен до крајот на актуелната сезона.
Конечните детали се финализираат и од Вест Хем се оптимисти дека многу брзо ќе можат да ја објават зделката. Сепак, единствен проблем за лондончани може да биде тимот на Јувентус.
Гигантот од Торино ја следи ситуацијата и можеби во последен момент ќе се обиде да го украде англискиот фудбалер пред носот на „чеканите“.
Калвин Филипс се договори за позајмица во Вест Хем во потрага по поголема минутажа, со оглед дека речиси и да не добиваше шанса за настап кај Пеп Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
