
По враќањето на Кевин Де Бруин во тимот на Манчестер Сити, по повредата, има уште добри вести за „граѓаните“. По девет пропуштени натпревари, на теренот се враќа голгетерот Ерлинг Халанд.
Повредата на стапалото е зад норвешкиот репрезентативец, кој се врати на тренинзите и ќе му биде на располагање на Пеп Гвардиола.
Сѐ уште не е јасно дали Халанд ќе игра на натпреварот со Тотенхем во четвртото коло од ФА Купот кој е закажан за в петок.
Сепак, норвешкиот интернационалец речиси сигурно ќе биде подготвен за премиерлигашкиот натпревар кога Манчестер Сити ќе го пречека Барнли.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement