Connect with us

Астон Вила го купи талентот на Црвена Звезда за 9 милиони евра

Астон Вила официјално го објави потписот на 18-годишниот српски дефанзивец Коста Недељковиќ од Црвена Звезда.


Десниот бек, кој важи за еден од најталентираните млади играчи на оваа позиција, ќе остане на позајмица во својот сегашен клуб до крајот на сезоната, по што ќе му се приклучи на тимот од Бирмингем.

Според српските медиуми, Црвена Звезда ќе добие 9 милиони евра и 15% од идната продажба на играчот, кој потпиша петгодишен договор со Англичаните.

Недељковиќ е производ на младинската академија на Црвена Звезда, веќе има 18 натпревари за сениорскиот тим, како и четири натпревари и еден гол за репрезентацијата на Србија до 19 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови