
Барселона ја оствари 13. победа во Ла Лига оваа сезона откако го совлада Бетис на гости со 2-4. Блескаше Феран Торес кој постигна хет-трик за каталонскиот тим на овој меч.
По триумфот, Барселона се наоѓа на третата позиција на табелата со 44 бода, седум помалку од лидерот Реал Мадрид.
Феран Торес обезбеди водство за Барселона со 21.минута, а на почетокот на вториот дел зголеми на 0-2. Иско ја врати надежта за Бетис со голот во 56.минута, а израмни само три минути подоцна.
Барселона бараше триумф до крајот, а Жоао Феликс погоди за ново водство од 2-3 во 90.минута. Две минути подоцна Феран Торес комплетираше хет-трик и го потврди триумфот на Барса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
