
Барселона минува низ тежок период и во следните неколку дена се соочува со Бетис и Атлетик Билбао во Ла Лига и Купот на Кралот, а според тренерот Чави Хернандез овие натпревари би можеле да ја дефинираат сезоната на клубот.
„Овие следни натпревари ќе ја одбележат сезоната. Атлетик Билбао е тим со кој не сакавме да се соочиме во Купот. Но, прво мислиме на Бетис. Сè за Барселона ќе биде решено во следните неколку дена“, изјави Чави.
„Ние сме оптимисти. Останува уште половина од сезоната. Со овој тим освоивме две титули минатата сезона. Мораме да се бориме за сите трофеи што ни остануваат. Мора да се подобриме и да победуваме поубедливо. Има три многу важни трофеи и сакаме да се бориме до крај“, истакна тренерот на Барселона.
Барселона гостува кај Бетис во Севилја, а на 24. јануари на „Сан Мамеш“ ќе игра со Атлетик Билбао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
