
Реал Мадрид сака да го доведе десниот бек на Интер, Дензел Дамфрис. Раководството на „кралскиот клуб“ има намера да ја искористи лошата финансиска ситуација во италијанскиот калчолигаш и да го донесе одличниот Холанѓанец на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид е подготвен да плати 50 милиони евра за 27-годишниот фудбалер. Ова е сума која Интер многу веројатно би ја прифатил. Така Интер би заработил многу од Дамфрис. Тој во клубот од Милано пристигна во 2021 година од ПСВ за 14 милиони евра.
Дамфрис има договор со Интер до летото 2025 година, односно уште една и пол година. И тоа е една од причините зошто Интер многу веројатно би се согласил на реализација на трансферот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
