Connect with us

Манчестер Сити му нуди нов договор на Кевин де Бруин

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити е подготвен да го продолжи договорот со Кевин де Бруин и да го врзе до летото 2026 година. Со новиот договор англискиот и европски шампион се надева дека ќе го намали интересот на останатите клубови за својот играч за врска. Тој интерес доаѓа од Саудиска Арабија.


Саудиските клубови наводно се подготвени да му дадат на Де Бруин понуда која надминува 50 милиони евра по сезона. Тоа Манчестер Сити секако не може да го испрати и да ја израмни понудата.

Пеп Гвардиола не би сакал да го загуби најдобриот играч во средниот ред, кој оваа сезона паузираше поради повреда речиси од почетокот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови