
Килијан Мбапе сѐ уште нема објавено во кој клуб ќе настапува следната сезона. Тој е договорно поврзан со ПСЖ само до крајот на сезоната, со години се поврзува со Реал Мадрид, но ништо досега не се случи на тој план. Во Мадрид го губат трпението и се вртат кон Ерлинг Халанд.
Ова го тврдат шпанските медиуми и наведуваат дека Реал Мадрид има план да го доведе следното лето.
Норвешкиот напаѓач е под договор со Манчестер Сити до крајот на јуни 2027 година, но во договорот има клаузула според која може да го напушти клубот во претстојното лето.
Во обидот да го реализира тој трансфер, Реал ќе се води по истата стратегија што резултираше со доведување на Џуд Белингам. Тоа значи воспоставување директен контакт со агенцијата која се грижи за кариерата на играчот, додека трета страна би била задолжена за преговорите меѓу клубот и Сити.
Цената на Халанд за заминување од англискиот клуб на крајот на сезоната е околу 180 милиони евра, а секоја година е пониска. Точната цена зависи од курсот на фунтата. Во Мадрид сакаат да го договорат брзо трансферот.
Кога Реал го донесе Белингем, користеше неколку агенти во преговорите со него и клубот. Тоа планира да го направи сега, а се потпира на фактот дека Белингам ќе го одработи неофицијалниот дел од преговорите обидувајќи се да го убеди својот поранешен соиграч од Борусија Дортмунд да дојде на „Сантијаго Бернабеу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal