Connect with us

Роналдо: Саудиската лига ќе биде во Топ 3 во светот

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо уште еднаш зборуваше за својата лична кариера, како и за првенството во Саудиска Арабија во кое настапува моментално. Напаѓачот покажа дека е задоволен од тоа каде е и не престанува да прави споредби со европскиот фудбал.


„Се чувствувам многу добро во Ал-Наср, одличен потег. Лигата напредува, ќе треба време, но чекор по чекор и тие ќе бидат на врвно ниво. Мислам дека лигата ќе биде во Топ 3 во светот. Луѓето можат да бидат горди. Лигата не е полоша од француската Лига 1. Нашата лига е поконкурентна и тоа можам да го кажам по една година помината овде. Веќе сме подобри од француската лига“, сподели Португалецот.

„Бев најдобар стрелец минатата година, замислете да победам млади „животни“ како Халанд… Многу сум горд. Ми се допаѓа кога луѓето се сомневаат во мене, а потоа сум успешен. Не ме засегаат критиките”, додаде Роналдо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови