
Англичаните се главна трансферна атракција кога е Баерн во прашање, а вратата ја отвори Хари Кејн кој летово пристигна од Тотенхем и се покажа како фантастично засилување.
Баварците решија и оваа зима повторно да „шопингуваат“ во Тотенхем, бидејќи пред неколку дена и официјално го доведоа Ерик Даер, кој ќе ја засили одбраната на тимот.
Медиумите во Германија утринава пишуваат дека минхенскиот клуб е насочен кон уште неколку фудбалери, а еден од нив е многу блиску до трансфер во Баерн.
Угледниот „Билд“ објави дека Баерн сака да ја засили десната бековска позиција и дека изборот паднал на Киран Трипие, кој моментно игра во многу добра форма во Њукасл.
Англискиот премиерлигаш мора да го подобри својот статус во однос на финансискиот фер-плеј, а продажбата на Трипие може значително тоа да го подобри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
