
Стручниот штаб на Ливерпул и сите навивачи на тимот со нетрпение ја очекуваат веста околу состојбата на Мохамед Салах. Најдобриот стрелец на „црвените“ заработи повреда на вчерашниот дуел на Египет против Гана и беше принуден да излезе од игра во судиското надополнување во првото полувреме, откако медицинскиот тим оцени дека не е способен да продолжи.
Се чини дека капитенот на „фараоните“ доби истегнување на бутниот мускул, а селекторот на Египет, Руи Виторија, по натпреварот истакна дека е загрижен и се надева дека повредата на Салах не е сериозна, но сѐ уште ништо не е јасно.
Салах веќе ги пропушти натпреварите на Ливерпул против Арсенал и Фулам, а доколку Египет успее да стигне до финалето на Купот на Африка, ѕвездата би можела да пропушти 11 натпревари на својот клуб. Тој игра во одлична форма од почетокот на сезоната, постигна 18 гола и забележа девет асистенции на 27 натпревари.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Салах го напушта стадионот по вчерашниот натпревар со насмевка на лицето и без очигледна болка, уверувајќи ги навивачите на Ливерпул дека неговата повреда можеби не е сериозна, но тие се уште со нетрпение ги чекаат официјалните информации по медицинските тестовите на кои напаѓачот ќе биде подложен денеска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
