![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2022/02/murinjo-nervozen-2.jpg)
Португалскиот стратег Жозе Мурињо наводно веќе има нов клуб. Тој постигнал устмен договор каде да ја продолжи кариерата.
Во вторникот „Специјалниот“ официјално раскина со Рома, чие клупско раководство му даде отказ поради нешто послаби резултати, но и несогласувања. Португалецот сето тоа го доживеа емотивно, но како и секој професионалец гледа кон следниот предизвик.
„Еден ден ќе дојдам во Саудиска Арабија“, изјави Жозе Мурињо минатото лето.
Откако тогаш ја одби понудата од 100.000.000 евра по сезона, сега Мурињо ги обнови контактите со тамошните претставници.
Поточно, станува збор за Ал-Шабаб, со кој, според арапските медиуми, одржал средба преку апликацијата „Зум“. Состанокот со спортскиот директор на клубот, Доменико Тите, траел повеќе од еден час, а Мурињо наводно ветил дека ќе донесе и големи имиња со себе.
Останува Мурињо да отпатува во Ријад во наредните денови за да ја финализира зделката.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/medin-bajrami-rabotnicki-80x80.png)
Прва лига
Работнички се засили со Медин Бајрами
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/medin-bajrami-rabotnicki-80x80.png)