Дополнителна борба во продолженијата му беше потребна на Атлетико да го елиминира градскиот ривал Реал Мадрид во осминафиналето на Купот на Шпанија. На крајот тимот на Диего Симеоне славеше со 4-2 и му се реваншира на Карло Анчелоти за поразот во Суперкупот.
Самуел Лино го доведе Атлетико во водство во 39.минута, но Јан Облак си постигна автогол во 45.минута.
Алваро Мората во 57.минута обезбеди нова предност за домаќинот, но Хоселу со голот во 84.минута се погрижи дуелот да се решава на продолженија.
Антоан Гризман во 100.минута уште еднаш му донесе водство на Атлетико, а Родриго Рикелме во 119.минута го потврди триумфот и пласманот во следната рунда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













