
Арсенал е најновиот англиски премиерлигаш кој има интерес за напаѓачот на Кристал Палас, Мајкл Олисе. 22-годишниот играч беше ѕвезда на „орлите“ и има 11 гола и 20 асистенции на 80 натпревари во сите натпреварувања откако се пресели на „Селхурст Парк“ од Ридинг.
Младинскиот репрезентативец на Франција беше предмет на сериозен интерес од Челси во текот на летото, но одлучи да го продолжи договорот со Кристал Палас до 2027 година. Има и трансферна клаузула од 50 милиони фунти.
Интересно е дека Олисе имаше краток престој во академијата на „топчиите“ во 2009 година пред да мине и низ школите на Челси и Манчестер Сити за да го направи своето професионално деби за Ридинг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
