
Шефот на фудбалските судии во Англија, Хауард Веб, призна дека за Ливерпул требало да биде досуден пенал во ремито 1-1 против Арсенал во мечот кој се одигра на Божиќ. Поранешниот судија се појави на програмата на „Скај Спорт“ во која се дискутираше за некои од најконтроверзните одлуки на официјалните лица во изминатите неколку недели, при што играта со рака на Мартин Одегард на Енфилд беше главна тема на дебатата.
Норвешкиот играч за врска како да го загуби тлото под нозете, а при падот играше со рака во шеснаесетникот запирајќи ја топката, но ситуацијата не прредизвика реакција кај судиите.
„Тука имаме голема разлика од обичен пад на играч. Одегард не падна случајно на топката. Тој се лизга, но всушност ја влече раката кон своето тело, а потоа игра со раката. ВАР ја разгледа ситуацијата и одлучи дека тој се обидува да го направи своето тело помало. Ова е елементот што е важен, без разлика дали дејството е инстинктивно или намерно. Добива предност и требаше да има пенал, мислам дека тоа не беше правилна одлука“, изјави Хауард Веб.
Средбата меѓу Ливерпул и Арсенал на крајот заврши 1-1, по головите на Габриел Мартинели и на Мохамед Салах во првото полувреме, резултат што ги остави лондончани на врвот во Премиер – лигата во тоа време.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
