Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, нема намера да се пресели во Њукасл. „Чавките“ испратиле понуда до Баварците за германскиот интернационалец, тврди „Билд“.
Сепак, Кимих сака да продолжи да се бори за трофеи, дури и да менува тим, а Њукасл не е меѓу опциите за неговата иднина.
28-годишниот фудбалер во кариерата освои 20 трофеи и не планира да застане. Тој има договор со Баерн до 2025 година, а според „Билд“ во оваа фаза не се разговарало за негово продолжување.
Кимих не е меѓу фаворитите на Томас Тухел и постои можност да го напушти клубот на лето.
Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед ја следат ситуацијата и ќе се обидат да го ангажираат на лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













