Connect with us

Тиквеш се засили со Зоран Даноски

Македонскиот прволигаш Тиквеш се засилува со искусниот крилен фудбалер Зоран Даноски. Офанзивецот доаѓа од босанскиот клуб Звијезда 09, а играше за Тиквеш во 2017 година.


Во својата кариера на домашната сцена настапуваше и за Победа, Металург и Кожув, а на меѓународната во Чешка за Баник, Хомутов и Прибрам, во Хрватска за Интер Запрешиќ, во Србија за Радник, Пролетер, Младост Лучани и за Нови Пазар.

По заминувањето на Иван Ивановски во Гостивар, кавадаречкиот тим веднаш реагираше и го ангажираше Даноски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови