
Сопствениците на Рома се незадоволни од игрите и резултатите на тимот под водство на Жозе Мурињо и се подготвени да ја откажат соработката со португалскиот стручњак, пренесува „Sportmediaset“. Познато е и името на тренерот кој би можел да го наследи. Тоа е легендата на клубот, Даниеле Де Роси.
Рома по поразот во Купот од градскиот ривал Лацио (1-0), беше поразена и од Милан (3-1) во последното коло од Серија А. Моментната позиција на табелата не му гарантира на клубот излез во Европа следната сезона.
Тоа што е особено поразително за сопствениците на клубот е рекордот на Рома против тимовите кои се борат за Европа. Од 24 можни бода од натпреварите со нив, Рома освои само шест.
Де Роси играше за Рома од 2001 до 2019 година. Вкупно, тој настапи на 616 натпревари, постигнувајќи 63 и асистирајќи 60 гола.
Беше дел од репрезентацијата на Италија која ја освои светската титула во 2006 година.
Неговата тренерска кариера е кратка. Ја започна во италијанскиот второлигаш СПАЛ во октомври 2022 година, а беше отпуштен во февруари 2023 година со ефект од три победи, шест нерешени и осум порази.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
