
Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, зборуваше по неговиот брилијантен настап против Њукасл, кој го инспирираше неговиот тим да победи со 3-2.
На „граѓаните“ им требаше пресврт за да дојдат до трите бода, а во фокусот беше Де Бруин, кој влезе како резерва и ги смени нешата на теренот.
Белгиецот постигна еден гол за 2-2 и асистираше за победничкиот гол на Оскар Боб.
„Ми недостигаше тоа, ваков фудбал. Имав тешка повреда и ми беше потребно време. Уживав во овој натпревар. Мислам дека повеќе се работи за волја отколку за било што друго. Вистинско лудило. Знам дека не сум подготвен да играм 90 минути. Во моментов можам да играм само околу 30 минути. Го чувствувам во белите дробови, особено кога е студено.
Не знам што да очекувам кога ќе влезам од клупата. Досега не ми се случило. Работев навистина напорно и морав да променам некои работи. Се надевам дека почнувам да ја наоѓам својата форма“, изјави Де Бруин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
