Напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзе, го привлече вниманието на Арсенал. Младиот фудбалер на Баерн Минхен игра во одлична форма од почетокот на сезоната во Серија А и тоа не остана незабележано од Микел Артета, кој веќе размислува дали да го доведе на „Емирати“.
Холанѓанецот досега има осум гола и четири асистенции на 22 натпревари од почетокот на сезоната со тимот на Болоња.
Не е тајна дека Арсенал бара опција да ја засили својата напаѓачка конкуренција, а Зиркзе е уште еден играч кој се поврзува со можен трансфер во јануари.
Од Болоња, пак, немаат намера да се разделат со него и му ставија цена од 60 милиони евра со која сакаат да ги одбијат потенцијалните купувачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













