
Барселона преку официјално соопштение објави во каква состојба е Рафиња. Бразилецот ја заработи повредата синоќа, на полуфиналниот дуел на шпанскиот Суперкуп против Осасуна со 2-0 и беше принуден да излезе од игра во 42. минута.
„Тестовите направени денеска покажаа дека првотимецот Рафиња има повреда на мускулот на левата натколеница“, објави каталонциот клуб.
Иако не е јасно колку точно Рафиња ќе отсуствува, Бразилецот сигурно ќе го пропушти неделното Ел Класико против Реал Мадрид.
Каталонските медиуми очекуваат дека тој ќе паузира околу еден месец, што значи дека 27-годишниот крилен напаѓач е исто така неизвесен за првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите со Наполи на 21 февруари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
