Одличниот српски напаѓач Александар Митровиќ по само шест месеци би можел да се врати во англиската Премиер – лига. Њукасл е подготвен да го „извлече“ од Саудиска Арабија и да го врати на „Сент Џејмс Парк“.
„Чавките“ планираат да го засилат нападот, каде ги имаат Александар Исак и Калум Вилсон, но се соочуваат и со многу повреди. Според замислата на Еди Хау, Митровиќ овој јануари би ја заострил конкуренцијата во навалната линија.
Планот е тој да дојде на позајмица од Ал-Хилал во соработка со саудискиот државен фонд, кој стои над целиот проект за големи инвестиции во саудиските клубови, како и над Њукасл.
Популарниот Митрогол беше скапо платен и го оправда секој вложен долар со 25 постигнати гола на 26 натпревари.
Интересно е дека Александар Митровиќ беше дел од Њукасл во периодот од 2015 до 2018 година и тогаш не се снајде најдобро, па замина во Фулам каде блесна во полн сјај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal