Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ги следи настапите на младиот напаѓач на Ајакс, Брајан Броби. Тој би можел да се пресели на „Олд Трафорд“.
Според медумите на Островот, холандскиот стратег сака да го ангажира 21-годишниот фудбалер, но во летниот преоден рок. Тогаш клубот финансиски ќе биде поддржан од новиот сопственик Сер Џим Ретклиф, кој ќе вложи сериозна сума во изборот.
Тен Хаг веќе соработуваше со Броби во 2020 година, кога младиот напаѓач дебитираше за првиот тим на Ајакс.
Оваа сезона Броби настапи на 15 натпревари во Ередивизие, постигна осум гола и забележа четири асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













