Connect with us

Немања Матиќ започнал со штрајк во Рен?

Поранешниот српски репрезентативец и играч за врска на француски Рен, Немања Матиќ, одлучи да го напушти овој француски клуб, чиј член стана летово и со кој потпиша договор до јуни 2025 година.


Колку е цврст во намерата покажа со тоа што не дојде на тренинг, што ги принуди челниците на клубот да се огласат со официјално соопштение.


„Фудбалерот на Рен, Немања Матиќ, не дојде на последниот тренинг на нашиот тим. Ваквото однесување е сосема несфатливо, особено доаѓа од искусен играч со договор до 2025 година“, соопштија од Рен.


Од клубот потенцираат дека секој услов неопходен за нормална интеграција на Немања Матиќ и неговата околина е исполнет со најголема транспарентност.


„Рен секогаш се трудеше да обезбеди најдобри можни услови за своите играчи, особено странците, да го покажат најдоброто на теренот. Клубот сега чека да го слушне објаснувањето на фудбалерот и е решен да ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити своите интереси“, се вели во клупското соопштение.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови