Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус, се врати на тренинзите со тимот откако го пропушти дуелот со Ливерпул во ФА Купот. Бразилецот заработи повреда на коленото во пресрет на мечот на 7 јануари и не беше вклучен во составот за натпреварот кој „топчиите“ го загубија со 2-0.
Очекувано, повредата на Хесус не е сериозна и тој брзо ќе може да се врати во игра. Добрата вест за менаџерот Микел Артета е дека има повеќе од една недела до следниот натпревар на тимот, кој ќе му даде дополнително време на напаѓачот да се опорави.
Арсенал нема победа на последните четири натпревари во сите конкуренции, а на 20 јануари „топчиите“ го пречекуваат Кристал Палас во дуел од Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













