Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, ја разгледува можноста да го ангажира Карим Бензема на шестмесечна позајмица, пренесуваат француските медиуми.
36-годишниот напаѓач има проблеми во Саудиска Арабија. Играчот на Ал-Итихад доби многу критики за неговите настапи.
Сепак, спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос не е сигурен дека таквата зделка би била од корист за клубот. Трансфер целите на парижаните се концентрирани во други области, а особено во доведување на централен дефанзивец по повредата на Милан Шкриниар, кој можеби нема да игра до крајот на сезоната. Кампос сака да го засили и средниот ред.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












