Connect with us

Санчо се врати во Дортмунд: Повторно сум дома

Борусија Дортмунд го потврди доаѓањето на Џејдон Санчо (23), кој до крајот на сезоната ќе настапува за германскиот клуб како позајмен играч од Манчестер Јунајтед.


Санчо ќе го носи дресот со број „10“.

Репрезентативецот на Англија ја пропушти цела полусезона по пресметката со Ерик тен Хаг, кој го отстрани од првиот тим, а Санчо на самиот почеток на сезоната забележа само три настапи во Премиер – лигата, влегувајќи од клупата.

„Кога стапнав во соблекувалната, го добив чувството дека повторно сум дома. Не го изгубив контактот со ниту еден од клубот и едвај чекам да ги сретнам соиграчите“, изјави Џејдон Санчо.
Крилниот напаѓач во Манчестер Јунајтед пристигна токму од Борусија Дортмунд, која заработи 85.000.000 евра во трансферот во 2021 година.

Дортмунд нема опција за откуп на договорот, ќе плати 3.500.000 евра, со уште 4.000.000 евра во зависност од настапите на Санчо на теренот, а Германците ќе одговараат за најголемиот дел од платата на фудбалерот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови