
Легендарниот шведски фудбалски тренер Свен Горан Ериксон (75) за шведските медиуми ја откри својата лоша здравствена состојба.
„Ситуацијата не е добра, сите го разбираат тоа. Се претпоставува дека е рак. Морам да се борам колку што можам“, вели Ериксон.
Ериксон тврди дека има уште една година живот, можеби и помалку.
„Не можете да го измамите вашиот мозок. Морам да гледам на позитивното, бидејќи ова е најголемата неволја.“
Зад него е богата тренерска кариера, која ја започна во 1977 година на клупата на шведски Дегерфорш. Потоа ги водеше ИФК Гетеборг, Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер Сити, Лестер, Гвангжу, Шангај и Шенжен.
Беше селектор на Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и на Филипините.
Во кариерата освои бројни трофеи.
Со Гетеборг сензационално го освои Купот на УЕФА во 1982 година, а со Бенфика трипати беше шампион на Португалија. Го освои Купот на Италија со Рома, како и со Сампдорија, а со Лацио беше шампион на Италија во 2000 година, двапати освојувач на Купот на Италија и еднаш на Купот на победниците на куповите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
