
Кајл Вокер (33) се разведува од сопругата Ени (31). Таа на Инстаграм објави дека Вокер веќе се иселил од нивната куќа вредна три милиони евра.
„Ова го објавувам како одговор на сите неодамнешни прашања од медиумите за мојот брак. После долги години брак и три прекрасни деца, решив да раскинам со Кајл. Не сакам повеќе да коментирам. Засега, барам да се почитува приватноста на мене и на нашите три мали деца во овој тежок момент“, објави Ени.
Кајл и Ени се познаваат повеќе од 15 години. Англиските медиуми тврдат дека причина за разводот е неверството на Кајл.
Ени го избркала од дома за првпат пред пет години кога дознала за измамата. Ѕвездата на Сити, Кајл Вокер, наводно имал оргии со проститутки за време на пандемијата на коронавирус, а во март минатата година бил виден во друштво на непозната девојка. Ени и Кајл се венчаа пред две години по 12 години врска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
