Мадридската пресметка во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија донесе фантастичен фудбал и осум гола по 120 минути игра. Се играа продолженија, а конечен победник е Реал Мадрид, кој славеше со 5-3.
Хермосо во шестата минута го доведе Атлетико во водство, но Рудигер и Менди направија пресврт. Сепак, Гризман израмни на 2-2 уште пред полувремето.
Во вториот дел, Мората погоди за 2-3 во 78.минута со помош и на Рудигер, но ново израмнување донесе Дани Карвахал во 85.минута.
Мечот отиде во продолженија, а на новниот истек, во 122. и во 125.минута Реал постигна два гола. Хоселу со голема помош и од Савиќ постигна ппогодок за 4-3, а во последните моменти Брахим Дијаз го постави конечниот резултат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













