Раководството на Баерн Минхен дефинитивно се откажа од привлекувањето на играчот од средниот ред на Фулам, Жоао Палиња, пишува „Скај Германија“. 28-годишниот португалски интернационалец летото беше на прагот на трансфер на „Алијанц Арена“, но потоа англискиот тим не успеа да најде замена за него и зделката пропадна во последен момент.
Се мислеше дека германскиот шампион ќе потпише со Палиња во јануари, но тоа нема да се случи. Раководството на Баерн нема намера да плати близу 65 милиони евра што ги бара Фулам за Португалецот.
Баерн се стреми кон финализирање на два договори. Клубот сака да ги ангажира Норди Мукиеле од ПСЖ и Ерик Даер од Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













