Connect with us

Баер Леверкузен два месеци ќе биде без најдобриот стрелец

Лидерот во Бундес-лигата, тимот на Баер Леверкузен, ја потврди повредата на својот најдобар стрелец Виктор Бонифејс и објави колку време напаѓачот ќе биде надвор од терените.

Репрезентативецот на Нигерија ќе мора да оди на операција, да го пропушти Африканскиот куп на нации и ќе паузира речиси два месеци.

„Виктор Бонифејс се повреди на подготовките за Африканскиот куп на нации и се здоби со повреда на тетивата во пределот на десниот адуктор. Нигерискиот интернационалец ќе биде опериран во наредните денови и се очекува да се врати во тимот на Баер Леверкузен на почетокот на април“, објави германскиот бундеслигаш.

Ова е тежок удар за амбициите на составот на Чаби Алонсо кој се покажа феноменално од стартот на сезоната. Бонифејс е најдобар стрелец на Баер Леверкузен со 16 гола на 23 натпревари во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови