
Жерар Пике (36) реши да му се врати на фудбалот како тренер. Засега не објави кого ќе тренира, но рече дека деталите ќе ги открие на крајот на неделата.
„Ова е нова година и по внимателно размислување решив да му се вратам на фудбалот. Ми недостига. Но овојпат нема да бидам играч, туку тренер. Ќе споделам повеќе детали на крајот на неделата“, напиша Пике на социјалните мрежи.
За потсетување, Пике се пензионираше во ноември 2022 година, откако беше играч на Барселона 14 години, за која забележа 616 настапи. Легендарниот стопер на каталонскиот клуб својата сениорска кариера ја започна во Манчестер Јунајтед, а една сезона мина на позајмица во Сарагоса.
За Шпанија забележа 102 настапи и беше светски и европски првак.
Како што се ближеше до крајот на кариерата, Пике се посвети на бизнисот и ја основа групацијата „Космос Холдинг“, преку која инвестира во спортот и медиумите. Тој е познат по неговото партнерство со Меѓународната тениска федерација и редизајнот на системот за натпреварување во Дејвис купот. Покрај тоа, тој е и сопственик на шпанскиот второлигаш Андора.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
