Connect with us

Тотенхем се засили со Тимо Вернер

Германскиот интернационалец Тимо Вернер доби нова шанса во Премиер – лигата. Откако не успеа да се докаже во Челси и потоа се врати во редовите на Лајпциг, сега доаѓа повторно во Лондон, но ќе го носи дресот на Тотенхем.

Вернер потпиша шестмесечен договор како позајмен играч од Лајпциг, со опција за комплетен откуп на неговиот договор по завршувањето на сезоната.

„Менаџерот Постекоглу ме убеди дека Тотенхем е вистинскиот клуб за мене и дека играта што ја негува перфектно ми одговара. Драго ми е што сум тука и се надевам дека ќе имаме успеси“, изјави Тимо Вернер по потписот на договорот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови