Наполи постави анти-рекорд со настапите во Серија А во првата полусезона, потенцираат италијанските медиуми. „Партенопеите“ во моментов се само деветти на табелата со 28 бода и заостануваат дури 20 зад лидерот Интер. Ова е најголемата разлика во ерата на Калчото со три бода (од 1994/95 – год.) меѓу бранителот на титулата и лидерот во лигата по завршувањето на првата половина од сезоната.
На тој начин Наполи го урна досегашното „врвно“ достигнување во овој негативен пласман, кој му припадна на Милан од минатата сезона, кога во оваа фаза „росонерите“ беа втори во рангирањето, со 12 бода зад лидерот Наполи.
Ако продолжат вака, на крајот од сезоната, „наполитанците“ можат да подобрат уште еден анти-рекорд на миланскиот гигант – за најслаба одбрана на титулата во модерната ера на Серија А.
Во 1996/97 година, тие ја завршија сезоната на 11. позиција на табелата со 43 бода, или 22 помалку од шампионот Јувентус, и покрај тоа што го освоија „скудетото“ претходната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













