
Наполи официјално го објави потписот со дефанзивецот Пасквал Мацоки од Салернитана. 28-годишниот десен бек пристигнува во шампионот за сума од 3 милиони евра плус можни бонуси, а неговиот договор е до 2027 година.
Интересно е дека Мацоки е роден во Неапол. Досега во сезоната играчот има 19 настапи и еден гол за Салернитана за која настапува од 2022.
Во текот на кариерата Мацоки беше и во тимови како Перуџа, Парма и Венеција.
Дефанзивецот има и еден натпревар за репрезентацијата на Италија. Во својот нов тим ќе му биде конкуренција на Џовани Ди Лоренцо.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
