Connect with us

Ерик Даер пред трансфер во Баерн Минхен

Германскиот првак Баерн Минхен има вербален договор со Ерик Даер за трансфер на дефанзивецот на Тотенхем овој месец, соопшти „Скај Спортс Германија“. Идејата е Англичанецот да се доведе со перманентен трансфер, но сѐ уште не е донесена конечна одлука. Германскиот клуб истражува и други опции, но Томас Тухел сака нови засилувања што е можно побрзо, па Деер наскоро би можел да се најде во Баерн.


Германскиот шампион беше заинтересиран за Даер уште на крајот на летото, а Баварците одржуваа контакт со дефанзивецот во текот на целото време. Важно за Тухел е фактот што Диер може да игра и како дефанзивен играч за врска, а Баерн не можеше да ангажира таков играч во летниот прозорец. Неговата поливалентност ќе внесе поголема длабочина во составот.

Англискиот репрезентативец има само четири настапи за Тотенхем од почетокот на сезоната. Неговиот договор истекува на лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови