
Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е цел на англискиот шампион Манчестер Сити, иако се верува дека ваков трансфер во јануари на „Итихад“ е тежок за реализација.
„Граѓаните“ сакаат да се засилат во средниот ред откако се очекува Калвин Филипс да биде испратен на позајмица, додека летното засилување Матео Ковачиќ допрва треба да се наметне во тимот.
Отсуството на Родри и на Кевин де Бруин покажа дека Сити има одредени проблеми и без нив, но сега и двајцата се вратија во акција, што би можело да ја одложи потрагата по нов играч на оваа позиција до лето.
Манчестер Сити беше заинтересиран и за Лукас Пакета од Вест Хем, кој исто така останува на нивниот радар. Новото име на нивната листа е на Флоријан Вирц, но речиси 100% е сигурно дека Баер Леверкузен во јануари нема да ја испушти својата ѕвезда.
Вирц (20) има осум гола и 11 асистенции за лидерот во Бундес-лигата оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
