
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е нов фудбалер на германскиот бундеслигаш Лајпциг. Во својата прва изјава по официјалното објавување на трансферот, „дијамантот“ потенцираше дека сака со својот нов клуб да го елиминира Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Да се преселам во Бундес-лигата и да се приклучам на Лајпциг е работа од соништата за мене. Клубот е познат по посебниот фудбал што го играат. Сакаат „гегенпресинг“, играат со силни темпо и имаат квалитетен напад. Сето тоа ми одговара. Тимот е одлична мешавина од млади таленти, кои можат многу да се подобрат овде, и играчи кои искусиле и постигнале многу во нивните долги периоди во клубот. Затоа преселбата во Лајпциг е вистинскиот чекор за мене и со нетрпение очекувам да се сретнам со сите во јануари.
Лајпциг се етаблира како еден од врвните тимови во Бундес-лигата и за многу краток период стана големо име во европскиот фудбал. Кога разговарав со Рувен Шредер и Марко Росе, многу брзо сфатив – сакам да играм за овој клуб!
Имаме незгодна втора половина од сезоната. Сакам да помогнам да останеме во врвот на Бундес-лигата и да го изненадиме Реал Мадрид во Лигата на шампионите“, изјави Елиф Елмас.
24-годишниот фудбалер потпиша четири и пол годишен договор до јуни 2028 година и ќе го носи дресот со број „6“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
