
Англискиот премиерлигаш Ливерпул е заинтересиран за напаѓачот на Хофенхајм, Максимилијан Бајер, тврдат германските клубови. 21-годишниот фудбалер има одлична сезона во Бундес-лигата и е на радарот на неколку англиски клубови, меѓу кои и „црвените“.
Бајер има откупна клаузула од околу 30 милиони евра, што го прави интересен за финансиски моќните англиски клубови. Младиот германски репрезентативец се очекува да го напушти својот сегашен клуб на лето.
Желбата на Бајер е да остане во Хофенхајм барем до крајот на сезоната, за да има шанса да биде во составот на Германија за Европското првенство летово.
Напаѓачот има шест гола и четири асистенции на 13 натпревари во Бундес-лигата од почетокот на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski