Фудбалерите на Челси забележаа нов пораз по уште една разочарувачка партија. Менаџерот Маурисио Покетино не го криеше незадоволството откако неговиот тим беше надигран од Евертон (2-0).
„Многу сум разочаран. Ова беше натпревар каде што требаше да играме подобро и да победиме. Имаме проблеми кои мораме да ги решиме. Исто така, треба да разговараме и да се обидеме да се подобриме на некои позиции во следниот преоден рок“, изјави Покетино.
Рис Џејмс заработи нова повреда и го напушти теренот, Каиседо и Енцо Фернандез не изгледаат како играчи купени за повеќе од 100 милиони евра, Мадуеке не го гледа теренот, а Џексон повторно пропушти голема шанса.
Покетино е во исчекување на Кристофер Нкунку, кому ќе му треба извесно време да се врати во ритам по долгата пауза поради повреда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













