За Масимилијано Алегри е се потешко да го негира фактот дека Јувентус е во игра за титулата во Серија А. „Бјанконерите“ со 1-0 славеа над актуелниот шампион Наполи и се најдоа на врвот на табелата пред натпреварот на Интер против Удинезе.
Дефанзивецот Федерико Гати повторно стана херој на гигантот од Торино, кој минатата недела ги донесе и трите бода против Монца.
„Оваа победа е многу важна бидејќи го оставивме Наполи 12 бода зад нас. Што се однесува до тоа дали сме вистински претендент за „скудетото“, треба да продолжиме малку по малку да се подобруваме и да избегнуваме елементарни грешки. Имавме силно прво полувреме и бевме солидни. Да, Наполи повеќе ја чуваше топката, но не создаде многу шанси“, прокоментира Алегри.
„Овие момци работат многу напорно. Сакам да бидеме попрецизни и да не брзаме во ситуации кога е подобро да ја задржиме топката. Во соблекувалната можеме да кажеме дека ја бркаме титулата, но важно е да постигнеме резултати. Нема смисла да се гледа во иднината, туку да се остане цврсто на земја. Се надевам дека ќе играме на ист начин, ќе покажеме ист карактер и ќе останеме на врвот на табелата“, изјави тренерот на „старата дама“.
Јувентус игра добро на дерби натпреварите оваа сезона.
„Да, ги победивме Милан и Наполи, ремизиравме со Интер. Дербијата имаат своја тежина, но истото важи и за другите натпревари, на пример оној што го имаме – против Џенова. Ова е фудбал. Некогаш ве обзема еуфорија, другпат сте депресивни, па важно е да го пронајдете балансот. Јувентус веќе 120 години ја има во својата ДНК способноста да постигнува резултати со трудољубивост и со многу работа“, додаде тренерот на Јуве.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













