
Баерн Минхен во следното коло влегува посилен за еден од најдобрите млади фудбалери во светот. Во тимот се врати Џамал Мусијала, кој беше надвор од терените околу еден месец поради повреда на бутниот мускул.
Тренерот на Баварците, Томас Тухел, најави дека Мусијала би можел да добие минутажа веќе утре кога германскиот шампион ќе гостува кај Ајнтрахт Франкфурт.
„Тој е во тимот, но нема да игра 90 минути. Ќе видиме дали ќе го започне натпреварот или ќе го заврши“, изјави Тухел.
Баерн Минхен е на второто место на табелата во Бундес-лигата со 32 бода по 13 кола. Има три бода помалку и меч помалку од лидерот Баер Леверкузен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
