
Во емисијата на познатиот италијански репрезентативец Кристијан Виери гостуваше пензионираниот италијански напаѓач Марко Бориело (41). Меѓу другото, Бориело откри колку му било тешко да работи во Јувентус со тренерот Антонио Конте, познат по својата строгост и напорни тренинзи.
„Повраќав кај Конте. Медицинскиот тим нѐ следеше, ни ги следеа отчукувањата на срцето. Штом пулсот ќе падне, викаа да го зголемат интензитетот. Ќе имав 196 отчукувања во минута. Давав 99 отсто, јас бев блиску до срцев удар“, изјави Бориело, кој работеше со Конте шест месеци во 2012 година, кога тој ја напушти Рома и дојде на позајмица во Јувентус.
„Фабио Квалјарела тивко пцуеше. Конте беше чудовиште, но и маестро кој прецизно ќе те води низ играта. На крајот на денот станав подобар играч. Тимот работеше одлично, се чувствувавме добро, што го докажавме и со освојување на италијанското првенство, а тој постигна повеќе одлични резултати и во другите клубови“, додаде Бориело.
Меѓу 1999 и 2019 година, Бориело играше за Триестина, Тревизо, Милан, Емполи, Реџина, Сампдорија, Џенова, Рома, Јувентус, Карпи, Аталанта, Каљари и СПАЛ, а имаше и странски ангажмани во Вест Хем и во шпанската Ибица, каде ја заврши неговата кариера.
За италијанската репрезентација забележа седум настапи и освои пет трофеи со Милан и еден со Јувентус. На 444 официјални натпревари постигнал 126 гола и забележал 43 асистенции.
Конте беше ѕвезда на Јувентус, по што стана тренер. Од клупата ги водеше Арецо, Бари, Аталанта, Сиена, Јувентус, Челси, Интер и Тотенхем, како и репрезентацијата на Италија. Освои девет клупски трофеи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
